„Денеска сме на овој проект, на овој пат којшто ќе поврзе две населени места во Општина Петровец, оттука одиме на она место каде што практично се реконструира и се проширува капацитетот на детската градинка и повеќе нема да има листа за чекање.
Така што сите оние проблеми коишто во минатото постоеле се трудиме да ги решаваме, се надевам дека не може тоа да биде од еднашка, но чекор по чекор полека но сигурно се завршуваат проекти и се решаваат проблеми, слушнавте од градоначалникот дека сега во следниот повик коишто ќе го објави Владата преку Министерството за локална самоуправа проектите во вредност од 1.200.000, 1.300.000 евра се веќе подготвени, а јас апелирам и до другите градоначалници истото да го сторат“, рече премиерот Христијан Мицкоски, „Мислам дека сега во вторник веќе на следната владина седница ќе донесеме одлука со којашто ќе го распишеме повикот до општините за да конкурираат со проекти и мислам дека барем од тоа што имам како информација, мислам дека ќе биде исклучително успешен овој пат за да не се доведеме во ситуација да го продолжуваме рокот, имале, немале одобрение за градба па имале проект немале проект ќе биде малку подолг рокот до таму некаде крајот на месец април за да можат сите оние што нема да стигнат со одобрение за градба и оние документи кои се потребни да успеат во меѓувреме да ги обезбедат.