Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
57
29.11
29.74
16.88/4.69
57.00
18.62
0.33
4906.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 57
58 ■ 0.99/0.01 ■ 6 ■ 513.4
Best clustering variants
58 0.99/0.01 6 513.4
14:58 h 29-Jan-2025
  • Премиерот Христијан Мицкоски очекува 250. милиони евра од унгарскиот кредит наменет за компаниите да придонесат за задвижување на економијата, заедно со кредитот од 250 милиони евра наменет за капитални инвестиции во општините и со директните странски инвестиции во 2024 година, кои очекува да надминат една милијарда евра.
  • ◉ Мицкоски очекува унгарскиот кредит за компаниите да придонесе за задвижување на економијата
12:39 h
  • Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање дали очекува раздвижување на македонската економија со мерката 250 милиони евра за домашните компании рече дека очекува задвижување.
  • Мицкоски: Очекувам инвестициски бран од над милијарда евра
14:24 h 28-Jan-2025
  • Претседателот на владата Христијан Мицкоски откри дека има 17 советници, а на новинарско прашање одговори и колку ги плаќаат граѓаните преку буџетот.
  • Премиерот Мицкоски откри колку советници има за плати и хонорари од 60 и 90 илјади денари, имињата ќе ги објави владата
14:07 h
  • Вкупно 17 луѓе го советуваат премиерот Христијан Мицкоски, информира тој на денешната прес конференција.
  • МИЦКОСКИ ГО СОВЕТУВААТ 17 ЕКСПЕРТИ Еве колку се платени
14:00 h
  • Премиерот даде поддршка на инцијативата која се шири на социјалните мрежи за бојкот на продавниците овој петок „Јас имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити, институциите, пазарниот инспекторат ја следат состојбата и и навремено реагираат.“ – рече Мицкоски на денешната прес конференција.
  • Мицкоски со поддршка за бојкотот: Ги разбирам граѓаните - инспекциите ќе работат
21:12 h 27-Jan-2025
  • Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија истакна дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови.
  • МИЦКОСКИ: Немам проблем да иницирам средба со Бугарија
21:02 h
  • Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” говорејќи околу посетата на САД по повод инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп истакна дека карактерот на средбите остварени за време на оваа посета беше на највисоко ниво досега.
  • Мицкоски: Делегацијата во САД беше најскромна што може
20:25 h
  • Проблемот со недостатокот на лекови на Клиниката за онкологија е решен за рекордно време, нема да се повтори во иднина и по првпат нема да се земаат лекови на реверси, без контрола и со избор на преферирани веледрогерии – вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На прашањето зошто власта не е спремна да преземе одговорност за актуелната ситуација на Онкологија со оглед на тоа што има министер, директор на ФЗО и директор на Клиниката, а дел од пациентите останаа без биолошка терапија, Мицкоски вели дека скандалите датираат од поодамна.
  • Мицкоски: „Пановски“ и натаму ќе добива тендери на Онкологија, но веќе нема да се земаат лекови на реверс
Press24

„Во Вашингтон ние зборувавме за значајноста на Македонија како држава во регионот, зборувавме за нашите амбиции како Влада, за нашите проекти, зборуваме за продлабочување на билатералната соработка САД, можноста за инвестирање кај нас, се разбира евроинтегративниот пат и нашата амбиција да бидеме дел од европското семејство, предизвиците со коишто сме се соочувале и со коишто се соочуваме.

Така што мислам дека немаме втора шанса за прв впечаток, а најдобро е да имате прв впечаток кога една администрација го започнува својот мандат“, потенцираше Мицкоски и додаде: „Создаваме навистина силни врски, пријателства кои што верувајте се многу значајни за иднината на државата.“ За тоа дали очекува од тимот околу американскиот претседател поддршка за евроинтегративниот пат на Македонија во ЕУ, премиерот Мицкоски одговори дека апсолутно очекува поддршка и во таа насока се сите овие средби. Press24

Plusinfo

Очекувам кредитната линија да создаде инвестициски бран од минимум 300 милиони евра и заедно со проектите во општините, кои се инвестициски бран за реализирање капитални инвестиции од 250 милиони евра, и странските директни инвестиции, кои очекувам во 2024 година со засилената динамика во втората половина од годината да натфрлат една милијарда евра со што по глава на жител и по процент од БДП повторно ќе бидеме најдобри во регионот, да придонесат за задвижување на економијата.

Логично е сите овие индикатори и консолидирањето на буџетскиот дефицит, приходите и слично да резултираат со коригирање во позитивна нагорна линија на прогнозите на меѓународните финансиски институции за раст на македонската економија како што тоа го направи Светска банка која прво предвидуваше раст на економијата од 1,8% – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје каде се одржа симулација на сајбер напад. Plusinfo