Ја нагласуваме важноста од целосно почитување на институциите на Босна и Херцеговина и независноста на нејзиното судство и потенцираме дека притисок врз судството и заплашувањето на судиите се неприфатливи, порачаа во заедничка изјава постојаниот известувач за БиХ на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, чешкиот европратеник Онджеј Колаж и претседавачот на Делегацијата на ЕП за односи со БиХ и Косово, хрватскиот европратеник Давор Иво Стиер по повод изречените пресуди за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и поранешниот в.д. директор на „Службениот весник на РС“, Милош Лукиќ.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик е прогласен за виновен пред Судот на БиХ по обвинението за „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит, додека вршителот на должноста директор на „Службен весник“ на Република Српска, Милош Лукиќ е ослободен од одговорност.
Една година затвор и шест години забрана за вршење на функцијата – ова е пресудата која ја донесе судот на БиХ во Сараево против претседателот на Република Српска Милорад Додик Една година затвор и шест години забрана за вршење на функцијата – ова е пресудата која ја донесе судот на БиХ во Сараево против претседателот на Република Српска Милорад Додик за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница Кристијан Шмид.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека денешната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик „ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион“, пренесува Н1. Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција како претседател на РС. , се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.