Наместо земјоделството да се смета за сектор за дополнителна дејност на семејствата, треба да биде главен сектор односно да се сфаќа како сериозен бизнис Арбен Халили, претседател на Центарот за одржливо земјоделство и рурален развој (ЦЕСАРД), вели дека моменталната состојба со работната сила во земјоделството е далеку од задоволителна, па ако не се реагира веднаш со развојни политики, предупредува тој, тогаш не ни преостанува ништо друго освен да почнеме да увезуваме сезонски работници како што тоа го прават многу земји како Грција, Словенија, Шпанија… – Домашната економија се соочува со огромен предизвик, а посебно земјоделскиот сектор е пред една таква состојба што бара значителена посветеност од страна на државните институции како кројачи на развојните политики. Plusinfo