,,При изборот на видот на санкцијата наоѓам дека судот требало да ја цени личноста на обвинетиот, кој, за жал е со ниска морална свест во смисла на неговата возраст, општествен статус и држење пред судот… Во текот на целата главна расправа обвинетиот покажал манипулативно однесување и негирање на материјалните, така и на вербалните докази, а самиот факт дека истиот не ја признал својата вина пред судот и доброволно да ги прифати последиците од своето однесување, со кое нешто би покажал сериозно каење за стореното, доволно зборува за неговата свесност и истрајност како млада личност да се занимава со продажба на наркотична дрога, во станови специјално изнајмени за таа намена, каде таргет е младата популација, што е доволна слика за неговата ниска морална свест и лукративни побуди на лесен начин да дојде до профит на незаконит начин”, истакнала Фетаи. Fokus