Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните.
Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата, напиша Мицкоски. A1on
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, соопшти утрово премиерот Христијан Мицкоски во објава на социјалните мрежи. Fokus
Точно е тоа и покрај тоа што ќе се изгласа интерпелација, тие можат и понатаму да останат да бидат дел од Судскиот совет, не велам дека тоа е неточно, но во услови кога тој што те избрал ти гласа повторно недоварба и продолжуваш да водиш инает тоа не е добро, и тогаш имаме и други механизми, други алатки, но јас се надевам дека доколку парламентарците изгласат недоверба или интерпелација на членовите на судскиот совет, мислам дека тие истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат, вели Мицкоски.
Претходно премиерот на социјалната мрежа на Фејсбук објави дека денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива во Собранието за разрешување на Судскиот совет, и покрај сите укажувања на експертите дека тоа е притисок и мешање во судството и досегашните смени кои покажаа дека во независни тела се именуваат партиски луѓе. Denesen