Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за транспорт и за локална самоуправа, Александар Николоски и Златко Перински, како и в.д. градоначалникот Дејан Митески, попладнево извршија увид на градежните работи на скверот позади трговскиот центар „Капитол“ во општина Аеродром.
Во рамки на теренските посети по општините „Каде што срцето е дома“, граѓани, претставници на бизнис секторот, невладини организации и просветни работници од Аеродром, денеска се сретнаа со министерот за локална самоуправа, Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими.