Македонија мора да функционира како правна држава, неопходни се коренити реформи во правосудството.
Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, имал доволно можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал, меѓутоа, довербата не ја оправдал, рече премиерот Мицкоски.
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Јавниот обвинител Љупчо Коцвски имаше доволно време да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, за жал таа доверба не ја оправда, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по одлуката на Владата за негово разрешување.