Пратеничката од редовите на Левица на социјалните мрежи обзнани дека на Артан Груби државата му плаќала обезбедување што води до небулози кои според неа укажуваат на уште едно исценирано бегство на високо профилиран функционер: „Во одговор на пратеничко прашање, министерот Тошковски потврди дека државата му плаќала и обезбедување на Артан Груби, кој веќе неколку месеци е во бегство. Press24
Со други зборови, криминалецот Груби не само што ја цицал државата додека бил на функција, туку и кога му престанала функцијата продолжил да користи лично обезбедување од МВР, платено од власта на ДПМНЕ.
И најважното прашање за крај: Доколку во моментот на бегство за Груби веќе била иницирана постапка и бил ставен на STOP листа, зошто обезбедувањето од МВР не реагирало кога Груби ги известил дека ја напушта државата?! A1on
Груби во неговата последна објава наведува дека го известил своето лично обезбедување пред да ја напушти државата.
Зошто обезбедувањето не реагирало, како што не реагирал и службеникот на граничниот премин, води само кон тоа на уште едно исценирано бегство на високо профилиран функционер” – напиша Мојсоска на Фејсбук. A1on