Соопштение на ВМРО ДПМНЕ Македонија мора да функционира како правна држава, неопходни се коренити реформи во правосудството.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во писмена изјава дадена по одлуката на Владата да покрене постапка за негово разрешување вели дека секогаш работел согласно закон.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал, меѓутоа, како што рече довербата не ја оправдал.
Советот на јавните обвинители во законскиот рок ќе даде мислење, откако владата вчера ја започна постапката за разрeшување на државниот обвинител Коцевски.