Владата на денешната седница, го разгледала мислењето од Министерство за правда и по сериозна дискусија го задолжила ресорното Министерство да достави предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител пред истекот на неговиот мандат, кое потоа, како што истакна на денешната прес – конференција портпаролката на Владата Марија Митева, ќе го достави до Советот на јавните обвинители.
Нека ме разрешат доколку се утврди тешка повреда во моето работење, одлуката ја оставам на политичарите- изјави републичкиот обвинител Љупчо Коцевски за покренатиот предлог против него, кој денеска се разгледува на владина седница.
Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека самиот ќе се повлече доколку се утврди дека направил тешка дисцилинска постапка, но засега, од она што се споменува во јавноста, увререн е дека не е направено такво нешто за време на неговото работење.
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска треба да биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.