Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
9.08
10.63
1.20/0.45
5.00
1.45
0.29
455.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
6 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 33.9
Best clustering variants
6 0.99/0.01 2 33.9
Novamakedonija

Имено, Арсоски истакна дека собраниската комисија за одбрана и безбедност се состои од претседател и 12 члена и исто толку нивни заменици, како и дека комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за заштита на поредокот утврден со Уставот, остварување на надзорот во доменот на одбраната и безбедноста, одбрана на Републиката и цивилната заштита, соработка со колективни системи на безбедност и одбрана во кои Републиката пристапила, интеграцијата на Републиката во евроатлантските организации и односите на Републиката со тие организации, заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните загарантирани со Уставот, производство, промет, набавување, поседување и носење оружје, делови за оружје и муниција, обезбедување личности и објекти, државјанство, одржување на јавниот ред и мир, јавните собири и јавните приредби, безбедноста на патниот, воздушниот, железничкиот и езерскиот сообраќај, заштита од природни непогоди и епидемии, пријавување и одјавување на живеалиштето и престојувалиштето, премин на државните граници и движење и престој во граничниот појас, движење и престој на странците, утврдување и решавање на граничните инциденти и други повреди на државните граници, воспоставување меѓународна соработка за прашања што се однесуваат на одбраната и безбедноста, како и други прашања што се однесуваат на одбраната и безбедноста.

Арсоски истакна дека од мај минатата година, значи во овој состав на Собранието, Комисијата за одбрана и безбедност одржала десет седници на кои се разгледувале прашања, извештаи и одлуки врзани за учеството на армиските припадници во меѓународни операции, прашања поврзани со одржување и ремонт на воената техника, продолжување кризна состојба на одредени делови од државата поради илегалната миграција и елементарни непогоди, модернизација на опремата на армијата и набавка на нова воена опрема и слични прашања. Novamakedonija

A1on

Нашиот министер за одбрана спомна дека може да работиме и да настојуваме да достигнеме и некој позначаен процент од 3 проценти, но повеќе од тоа верувам дека Македонија во овој момент не е во состојба да издвојува, вели пратеникот Арсоски на новинарско прашање околу новата иницијатива на американски претседател Доналд Трамп сојузниците во НАТО да трошат 5 отсто на годишно ниво од својот БДП.

Хрватскиот воен аташе, бригадир Стјепан Домјанчиќ и доајен на Асоцијацијата на одбранбени аташеа акредирани во Република Северна Македонија на истото прашање посочува дека Хрватска, исто така, континуирано го зголемува издвојувањето за одбраната од БДП уште од НАТО Самитот во Велс од најмалку 2 отсто, но вели, поважно е промена на свеста кај граѓаните дека за одбраната и сигурноста ќе се посветува многу повеќе внимание во иднина. A1on