Покрај камери на крстосниците, возила на МВР ќе бидат опремени со паметни камери и во движење ќе забележуваат сообраќајни прекршоци, погрешно паркирани возила како и автомобили кои блокираат цели ленти на коловозот.
Возила коишто ќе бидат целосно опремени со паметни камери и при движење во рамки на конкретни улици, сообраќајници итн ќе ги евидентираат сите погрешно паркирани возила и да, веднаш истите ќе бидат процесуирани во системот врз основа на компјутерска обрабока на податоците коишто ќе бидат внесени во системот, вели министерот за внатрешни, Панче Тошковски. Sitel
Имплементацијата на системот „Безбеден град“ официјално треба да стартува од 1 јануари 2026 година.
Засилените контроли на полицијата и натаму ќе има. Plusinfo