ДКСК донесе одлука за запирање на постапката по пријавата за незаконска исплата на трошоци за патување во странство на сопругата на претседателот на Собранието Африм Гаши, бидејќи не се потврдени и утврдени повреди на одредби од законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Ова го кажа членот на ДКСК, Сервет Демири на 15 седница на која се расправаше и за овој случај и побара да се достави препорака за доуредување на упатството на собранието кое ги регулира службените патувања со одредби по примерот на Кодексот на Владата за етичко однесување. A1on
Комисијата утврди дека актуелното Упатство за реализирање на службени патувања во странство, содржи правна празнина и недореченост.
Пријавата која ДКСК ја разгледуваше се однесува на покривање на трошоци за патување реализирано во период од 8 јули до 11 јули 2024 година на парламентарниот самит на НАТО во Вашингтон (САД). Членот на ДКСК, Сервет Демири посочи дека со пријавата биле доставени патни сметки без да биде наведено на кое лице се однесуваат. Press24
Тој потврди дека од Собранието на РСМ е доставена документација (покана, решение за патување, финансиска конструкција за патувањето, копија од дипломатска патна исправа и соодветна виза) кои биле разгледани.
Утврдено е дека сопругата на претседателот патувала во странство, како дел од делегацијата, врз основа на решение донесено од секретарот на собранието. Nezavisen
Во него предвидено е, и дозволено со државни средства да бидат покриени трошоците за брачниот другар/другарка кога патуваат како дел од официјална делегација.
„Во таа насока, ДКСК препорачува Собранието да поведе инцијатива за дополнување на споменатото упатство и да се предвиди изрична одредба за регулирање на ваквите случаи, по примерот на кодексот на владата. Libertas
По постапката е утврдено дека постојниот акт Упатство за реализирање на службени патувања во странство, содржи правна празнина односно недореченост.
Препорката на ДКСК до Собранието на РСМ е да се покрене иницијатива за дополнување и треба да се одреди изрична одредба за регулирање на ваквите случаи по примерот на Членот 19 став 4 од Кодексот за етичко однесување на членовите на владата и носители на јавни функции кој дозволува покривање на трошоците за брачниот другар на ПВРСМ при службено патување. Sitel
Со оваа измена ќе се постигне правна усогласеност и јасност во постапувањето и ќе се спречи различно толкување на одредбите во иднина – рече Демири.
ДКСК утврди дека наводите од пријавата за сопругата на спикерот Гаши не се потврдени и дека не се утврдени повреди на одредбите од Законот за спречување корупција и судри на интереси поради што нема основ за натамошно постапување. Civilmedia
ДКСК донесе одлука за запирање на постапката по пријавата за незаконска исплата на трошоци за патување во странство на сопругата на претседателот на Собранието Африм Гаши, бидејќи не се потврдени и утврдени повреди на одредби од законот за спречување на корупција и судир на интереси. A1on