Оттаму посочија дека на Апасиев му е укажано дека веќе закажаната расправа, согласно заклучокот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, не може да продолжи под тие околности.
Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го разгледа предметот за надзорната расправа на Постојаната анкетна комисија за заштита на слoбодите и правата на граѓанинот на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ закажана за 25 февруари 2025 година и на 17 февруари заклучи дека не се почитувани процедуралните правила. Biznisvesti
Но, попладне ќе имаме координација и ќе има повеќе информации, велат од пратеничката група.
Апасиев ја закажа надзорната расправа за ефектите од аерозагадувањето со потписи од 20 пратеници од опозицијата, но владејачкото мнозинство реагираше на процесот на организирање на расправата, но и на фактот дека барањето за надзорна расправа не треба само да се проследи до пратеници, туку дека претседателот на Собранието одлучува кое собраниско тело ќе ја организира. Civilmedia
Во Собранието за денеска е закажана седница на Постојната анкетна комисија за слободите и правата на граѓаните, на која, според најавата од веб страницата на Собранието, треба да се одржи надзорната расправа за аерозагадувањето. Biznisvesti