Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија најосторо ги отфрла и ги демантира шпекулациите и, како што се наведува во соопштението, лажните наводи изнесени од страна на политичките партии СДСМ и ДУИ во последните неколку денови. Biznisvesti
Ако по логиката на Кузевска тоа е прекшување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ.
Владата останува посветена на транспарентноста и ги повикува сите заинтересирани страни на увид во документацијата за целосно и точно информирање на јавноста како што повика и Министерството за животна средина и просторно планирање, велат од Владата. Netpress
Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити ги демантира наводите изнесени од опозицискиот СДСМ во врска со негова наводна корупција во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Според него, СДСМ оди по паметот на ДУИ, обидувајќи се административна и архивска работа во рамките на Министерството кое го води да ја претстави како скандал. Fokus
Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање, информираат од Владата Во владиното соопштението се наведува дека инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и е утврдено незаконско постапување. Skopjeinfo
Владата информира дека ги проверила и следствено на тоа ги отфрла како невистинити наводите изнесени од опозициските СДСМ и ДУИ кои се однесуваат на работата на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и ресорниот министер Изет Меџити.
Реакцијата на Владата се однесува на документите кои претходно денеска до неа ги достави СДСМ, а кои опозициската партија тврди дека ги докажуваат сомнежите за корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. 360stepeni