Аматеризам во надворешната политика ни донесе двојна штета за стратешките партнерства со САД и ЕУ. Вчерашното позиционирање на делегацијата на Македонија во ОН во однос на гласањето по резолуциите на САД и ЕУ е скандалозно. Kanal5
Дополнително, за декларацијата на САД, на која што нашата Влада и Мицкоски одлучија да бидат коспонзор, повторно Северна Македонија гласаше „воздражно“.
Ваквите одлуки, според опозициската партија, укажуваат на целосен аматеризам во воедењето на надворешната политика на земјата. Libertas
СДСМ инсистира на јасна, конзистентна и усогласена надворешна политика која ќе ги почитува и зајакнува нашите меѓународни партнерства, а истовремено ќе ја води државата кон нејзината примарна стратешка цел – членство во Европската унија.
Најавуваме дека во текот на утрешниот ден, претседателот Филипче ќе одржи прес конференција на која ќе ги соопшти во детали ставовите на партијата по однос на овие прашања“ порачаа од СДСМ. Libertas