Собраниската Комисија за здравство на денешната седница едногласно донесе одлука за одржување на надзорна расправа на тема: „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”. Nezavisen
Ова ќе биде втора надзорна расправа за аерозагадувањето.
Во вторникот, на 25 февруари, се одржа надзорна расправа организирана од Левица и од СДСМ во Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која не беше поддржана од владејачкото мнозинство. Nezavisen
До понеделник, 3 март, пратениците до претседателката на Комисијата, Рашела Мизрахи треба да испратат предлози за учесници на надзорната расправа.
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи истакна дека неговата пратеничка група ќе го поддржи одржувањето на надзорната расправа, но исто така кажа и дека во Собранието и во понеделникот имаше надзорна расправа на истата тема важна за граѓаните. Netpress