Ја разбирам хистеријата која СДС и нивните ботови ја шират околу мојот политички дуел во сообранието со Славјанка Петровска, напиша министерката за финансии Димитриеска-Кочоска . „Замислете да не беа овие квалификации, редица навреди и лажни обвинувања што ги упатуваат кон мене која сум исто жена, што друго ќе се паметеше од денешната седница.
Инфлацијата на храната во времето на владата на СДСМ стигна и над 30 проценти, а денеска е многу пониска и од три проценти, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање.
Никогаш немав и ќе немам намера да ја навредам лично, ниту, пак, да ја сведам дебатата на личен контекст.
Пратеничката Славјанка Петровска, запрашана зошто веднаш реагирала за навредите испратени од министерката за финансии, рече дека излегла на собраниската говорница и кажав дека „поставив прашање на кое не добив одговор, а дека не е моето ниво да ги коментирам ваквиот тип на напади и дискриминација“.