„По деалбанизацијата на Агенцијата за разузнавање – каде што веќе ниту директорот, ниту заменикот не се Албанци -, по деалбанизацијата на Агенцијата за национална безбедност – каде што веќе ниту директорот, ниту заменикот не се Албанци –, и по деалбанизацијата на Воената служба за разузнавање и безбедност – каде што веќе ниту директорот, ниту некој од тројцата помошници не е Албанец –, како и откако беше заобиколена постапката за именување на албански генерал на чело на АРМ, денес Претседателката – која неВРЕДИ – им нанесе тежок удар на Албанците во Армијата на Македонија, деградирајќи ги. Генералот Бесник Емини, од позицијата Командант на Командата за операции (од оваа позиција директно командуваше со околу 80% од армијата), се разрешува, деградира и понижува, поставувајќи го на административна позиција во Министерството за одбрана. Mk