СДСМ денеска на прес-конференција ја повикува Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да постапи по случајот за тендерите во Министерството за дигитална трансформација. Fokus
Институциите мора да реагираат, а граѓаните заслужуваат одговорност и заслужуваат правда, рече Кузеска.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вчера на прес-конференција ги отфрли обвинувањата од опозициската СДСМ за конфликт на интерес, непотизам и сомнение за корупција во Министерството во врска со две јавни набавки во вредност од 50,000 евра што ги добила фирма која е во сопственост на сопругот на државната секретарка во ова Министерство. Biznisvesti
Го поздравуваме брзото постапување на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која оформи предмет за јасниот случај на судир на интереси, непотизам и корупција поврзан со тендерите што ги доби сопругот на државната секретарка Клинчарова во Министерството за дигитална трансформација. Press24
СДСМ бара оставка од министерот Стефан Андоновски за сакданлот со тендерските мрежи во неговото Министерство.
Државната комисија за спречување на коруција и Јавното обвинителство треба веднаш да постапат за целосно расчистување на случајот. Kanal5
Секој обид да се минимизира нејзината улога е груба лага и навреда за интелигенцијата на граѓаните!
Овој случај е најеклатантен пример за конфликт на интереси, непотизам и корупција – заштитен знак на ДПМНЕ! Press24
Што се однесува на случајот со јавната набавка во МДТ, СДСМ веќе трет ден се обидува да ја манипулира македонската јавност.
Убедени сме во законитоста на постапките, и стоиме на располагање на сите надлежни за целосно расчистување на случајот со информации и документи за оваа или други процедури за јавни набавки, за што повика и Министерот на прес конференцијата, се вели во догворот на минситерството за Телма, а по одлуката на антикорупциска да отвори предмет. Telma