Пратеничката на „Влен“, Имрлије Сали-Фетаи ќе претседава со денешната седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, на чиј дневен ред има само една точка – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, потврдија од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши го назначи пратеникот на „Европскиот фронт“ Бејџан Илјас да ја води собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади откако оваа Комисија остана без претседател по оставката на Илире Даути.