Заменик министерот за правда Ален Деребан, пак, го повика Судскиот совет итно да закаже седница и да расправа за заклучоците на Собранието, а членовите опфатени со интерпелациите да си поднесат оставки.
Собранието на седницата во вторникот изгласа недоверба на петмината членови на Судскиот совет избрани од Собранието - Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми. Kanal5