Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј. , а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение со кое: Мерката куќен притвор , определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци. Press24
Судот ја прифатил жалбата на основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а при носењето на ваквата одлука, кривичниот совет оценил дека постои опасност од бегство и околности кои укажуваат дека осомничениот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци..
Против ова решение странките имаат право на жалба пред апелациониот суд Скопје“ се вели во соопштението на кривичниот суд.. Kanal5
Ова е победа на правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
„Само со одлуката за ставање во притвор на Јахоски е единствено исправна и очекувана за криминалот од 160 милиони евра, криминална шема во која еден од обвинетите е во бегство. Press24
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Кривичниот суд за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол.
Ова е победа на правдата. Kanal5
За случајот со перење пари при набавка на мазут од вчера ефективен притвор доби сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски откако кривичен ја преиначи одлуката со која првично му беше определена мерка куќен притвор.
Тој е еден осомничени за тендерот за набавка на мазут за тец неготино. Sitel
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја преиначи одлуката за Асмир Јахоски и мерката куќен притвор ја преиначи во ефективен притвор..
Кривичниот суд ја прифати жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против решението на судија на претходна постапка против Јахоски, а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино.. Kanal5
„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка, за А.Ј., поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, донесе решение со кое ја преиначува одлуката за куќен притвор и му одредува мерка притвор во траење од 30 дена.
Оваа одлука е основана врз опасноста од бегство, како и околности кои упатуваат на можноста тој да влијае врз сведоци и да го попречи текот на истрагата“, се вели во соопштението од Судот. Plusinfo