СДСМ остро ги критикува потезите на Владата на ДПМНЕ која, според нив, во време на трагедија во Кочани, кога животите ги загубија 59 млади луѓе, продолжува со трошоци за пропаганда и мерење на рејтинзи.
Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто се разговараше за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија којашто ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 животи.
Парламентарните партии ќе ја чекаат официјалната покана од лидерот на СДСМ Венко Филипче па потоа ќе се изјаснат дали ќе учествуваат на средба, додека ДУИ условува со поддршка за формирање на Комисија со меѓународни набљудувачи за истрагата за пожарот во Кочани.
Во Кочани се случи една страшна трагедија која што целата нација ја стави во состојба на шок и сите ние треба да извлечеме поука како треба да делуваме понатаму за да се спречат вакви трагедии, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој во вечерва се вклучи во солидарната акција- Телетон „Канал 5 и Македонија за Кочани”.