На денешната изјава за медиумите, министерот за здравство д-р Арбен Таравари информираше дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и во добра состојба, од кои 8 пациенти денеска се пуштаат на домашно лекување.
Министерот за здравство Арбен Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата, по трагичниот настан во Кочани, да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација.
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на денешната изјава за медиумите информираше дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од странство, од кои 4 од Шпанија и еден од Грција, и веќе се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени за враќање.