Во Касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одбележи 5. годишнината од пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата.
По тој повод свое обраќање ќе имаат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски и командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Манч.