Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
29
12.67
21.74
8.51/1.35
29.00
8.24
0.28
2600.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 29
42 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 353.2
Best clustering variants
42 0.99/0.01 3 353.2
17:38 h 10-Apr-2025
  • ДПМНЕ продолжува со старата матрица на лаги, дезинформации и неосновани напади врз претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
  • ◉ СДСМ: ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче
13:48 h 09-Apr-2025
  • Венко Филипче е човек без кредибилитет на врвот на СДС и само второ лице на Зоран Заев.
  • Манасиевски: Венко Филипче е човек без кредибилитет на врвот на СДС и само второ лице на Заев
11:22 h 08-Apr-2025
  • Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија бидејќи таква одговорност доделена од народот воопшто нема.
  • ВМРО до Филипче: Народот кажа што мисли на последните избори
09:57 h
  • Процесот на проширување на Европската Унија не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, туку и процес од геополитичко значење.
  • Филипче во Брисел побара европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ
09:39 h
  • Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вчера Со коментар се огласи Катерина Колозова, која вели дека тоа е добро.
  • „АКО Е ТАКА, СУПЕР, ПАРТИЈАТА МОЖЕ И ЌЕ СЕ ВРАТИ ОД МРТВИТЕ“: Колозова за понудата на Филипче до власта
08:27 h
  • Потребна ни е сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување, бидејќи тој не е само механичко прилагодување или административно спроведување на критериумите за членство.
  • Филипче: Проширувањето на ЕУ се повеќе станува прашање од најважно геополитичко значење
Press24

Потребна ни е сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување, бидејќи тој не е само механичко прилагодување или административно спроведување на критериумите за членство, туку се повеќе и повеќе станува прашање од најважно политичко и геополитичко значење, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче во обраќањето на панелот „Практична поддршка на подготовките за пристапување во ЕУ“ во рамки на Конференцијата во организација на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) што се одржа во Брисел.

Во овие трансформативни времиња, социјалдемократскиот одговор не само што е релевантен, туку тој е и итно неопходен врз основа на принципи и временски патокази за општествена и политичка адаптација, која ќе осигура дека никој нема да биде изоставен и ќе става приоритет на трансатлантската соработка, дигиталниот хуманизам, социјалната еднаквост и демократскиот интегритет, рече Филипче, додавајќи дека во контекст на динамичните геополитички поместувања, комплексен и суштински станува императивот за заштита на демократијата и безбедноста и за социјалдемократскиот пристап во трансатлантската соработка. Press24

Civilmedia

Затоа социјалдемократите мора да инсистираат на демократските стандарди и на почитување на европските вредности и на концептот за човековите права и слободи, како најважен предуслов за земјите кандидати за пристапување во ЕУ. Членство во ЕУ не треба да се претставува само како пристап до единствениот пазар, затоа што таквиот пристап ги зајакнува авторитарните тенденции во многу земји кандидати и автократите го користат како изговор за отстапување од демократските норми и стандарди, додаде Филипче.

Според него, нашата држава е пример за недостиг на стратегија и напредок на европската интеграција поради билатерализација на пристапниот процес преку барањата поставени од страна на Бугарија, што придонесува за радикализација на политичката ситуација во земјава, за значително зајакнување на националистичките политички сили и за зголемување на евроскептицизмот меѓу населението. Civilmedia