Како Влада сме посветени на обезбедување на целосна транспарентност и точност пред јавноста и внимателно ги следиме сите институционални чекори кои треба да ги исполниме согласно законот, вели владината портпаролка Марија Митева.
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по трагедијата со пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, од 17. минатиот месец до вчера извршил 297 надзори кај угостителски субјекти, диско-клубови, ресторани, кафе барови, кабареа, гостилници и издал 360 прекршочни платни налози, 28 решенија за привремена забрана на дејност, 12 за отстранување неправилности.