Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се очекува денеска на прес-конференција да изнесат повеќе детали во врска со проширената истрага за пожарот во дискотеката во Кочани, за конкретните мерки што се предлагаат и за својството на секој осомничен во предметот за пожарот во Кочани.
Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, а во кој загинаа 61 лице, а повеќе од 100 се повредени.
Наредба за проширување на истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со нови 19 лица донесе Основното јавно обвинителство Кочани.
Основното јавно обвинителство Кочани денеска донесе Наредба со која ја прошири истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на нови 19 лица.