Plusinfo
Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој од денеска до четврток, заедно со владината делегација се наоѓа во билатерална посета во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). – Денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска средба со Неговото височество, претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан.
На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски односи, многу поплодни односи, а јас, од моја страна, накратко ги образложив нашите цели како Влада, но истовремено, го поканив Неговото височество, претседателот на ОАЕ, да ја посети Македонија, а нормално, бизнис заедницата од ОАЕ одблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот, инфраструктурата, енергијата, земјоделството и така натаму – нешто што, убеден сум дека може да претставува солидна основа за наша билатерална и подлабока соработка – истакна премиерот Мицкоски. Plusinfo