Неможноста да се добие патна исправа беше причина за прекршување на низа права – слобода на движење, стручно усовршување, здравствена заштита надвор од земјата, учество на спортски и други меѓународни настани, рече народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес-конференција на која го презентираше Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2024 година.