За жал, она што досега го гледаме од текот истрагата е селективност, а со одредени политички изјави, но и дејствија е контаминирана.
Од тие причини ќе треба да се направи некаква промена во правец на наоѓање и казнување на вистинските виновници за трагедијата во Кочани, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Анализа“ на телевизија 24. -Истрагата е контаминирана најмногу со политичките изјави кои ги даваше министерот за внатрешни работи, кој ја презеде, за момент улогата на главен обвинител во државата и се разбира првиот ден од премиерот Мицковски со посочување на луѓе кои се виновни, а заштита, на пример на градоначалникот на Кочани, за кој до последно се тврдеше дека нема никаква вина, меѓутоа гледате сепак пак обвинителството и побара и судот одреди мерки на притвор за него, рече Петровска.