Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до министерот за здравство, кој формираше стручна комисија за да ги испита сите детали за починатиот пациент на Државна кардиохирургија, Т.А. од Скопје. Press24
Како може државна болница, од стратешки интерес, да нема основни услови за спас на човечки живот?
Многу отворени прашања за кои нема конкретен од одговор од најповикуваниот-министерот за здравство Таравари. A1on
За оваа хуманитарна катастрофа мора да има одговорност.
СДСМ бара оставка од министерот за здравство Арбен Таравари и од директорот на државната Клиника за Кардиохиргија, Дејан Димитровски. Libertas
Тој рече дека не сака да зборува за приватните болници кадешто евентуално требало да биде однесен сега починатиот пациент и како што рече Таравари било разговарано со нив, но пациентот имал и друг здравствен проблем.
И директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски очекува Стручната комисија да ги испита сите детали за овој случај. Nezavisen