СДС со години ја туркаше тезата дека ако Македонија го смени Уставот и ги внесе Бугарите, нема да има нови барања од Бугарија, тоа сега испука како меур од сапуница и се покажа како најголема лага, обвини Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ „ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше на наивноста и лековерноста на СДС, но и нивната криминогена матрица да прифатат се само за ден повеќе власт.
За сега 2 години потоа, бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, да упати официјална порака дека уставните измени, не се последно барање, и со тоа да потврди дека СДС ја внесе државата во ќорсокак (цитирам): ‘Многу е важно да се знае дека промената на Уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствен услов.