Европската интеграција на Западен Балкан и важноста на проширувањето на Унијата било во фокусот на средбата на бугарскиот премиер Росен Жељазков со еврокомесарката за проширување Марта Кос, која во Софија оствари средби со највисоките бугарски политички претставници, а учествуваше и на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“.
Жељазков, по средбата со Кос, рече дека Бугарија секогаш со особено внимание и висок степен на одговорност пристапувала кон напорите за целосна и полноправна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Нагласил дека бугарската позиција е јасна и конзистентна и оти Софија го поддржува европскиот пат на секоја земја од Западен Балкан, според принципите на индивидуалниот пристап и постигнатиот напредок. Press24