По милоста божја, Архиепископ охридски и македонски, заедно со светиот архијерејски синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на македонската православна црква, поздравувајќи ги со величествениот и торжествен поздрав – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Собрани со торжествена радост, соединети со вера во воскреснатиот Господ, денес го славиме најголемиот настан во историјата – Христовата победа над смртта!