Сето ова народот македонски го препознавал, па од голема почит кон него, неговата личност, неговиот карактер и неговата борба, од едни е нарекуван Пирински Орел (како орел ја надлетуваше, чуваше и бранеше Пиринска Македонија), од други Старик (големо и бурно револуционерно искуство), од трети Сандан-паша (храбро се бореше во Младотурската револуција). Од народот, кој во него го позна својот возвишен и храбар трибун, е наречен Пирински Цар (револуционер-заштитник на Македонија) – за век и веков. Novamakedonija