Собранието со прост премин го заврши претресот по годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации за 2024 година, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година, и на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година.
Кога ќе има услови, како што информира претседателот на Собранието Африм Гаши, ќе бидат разгледани годишните извештаи на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и на Агенцијата за заштита на личните податоци, сите за 2024 година и во второ читање. Sitel
Законот за изменување и дополнување на Законот за градење беше донесен со 65 гласа „за“ и 10 „против“, а како што рече заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири со измените се предвидува компаниите да имаат лиценци за вршење на градежни активности, а доколку работат спротивно на законот да им се одземаат лиценците во областа на градежништвото.
Изгласани беа и измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за Европски работнички совет, на Законот за евиденциите во областа на трудот, на Законот за практикантство, на Законот за правна заштита на услугите кои се засноваат на, или опфаќаат, условен пристап, на Законот за мирно решавање на работните спорови, на Законот за стечај, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за надзор на пазарот, на Законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за процена и на Законот за авторското право и сродните права. Plusinfo
Изгласани беа и измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за Европски работнички совет, на Законот за евиденциите во областа на трудот, на Законот за практикантство, на Законот за правна заштита на услугите кои се засноваат на, или опфаќаат, условен пристап, на Законот за мирно решавање на работните спорови, на Законот за стечај, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за надзор на пазарот, на Законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за процена и на Законот за авторското право и сродните права.
Едногласно со 79 гласа „за“ беа донесени дополнетите предлог одлуки за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата. Nezavisen
Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување и дополнување на закони, меѓу кои и на Законот за градење, Законот за медиуми и Законот за минимална плата.
Без расправа едногласно со 82 гласа „за“ на второ читање беше проследен и Предлог законот за енергетика. Nezavisen