На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји во делот на реализација на капиталните инвестиции.
Притоа вицепремиерот Николоски ги истакна плановите на Владата за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на патната и железничката мрежа. Kanal5
Како што стои во соопштението било истакнато дека Обединетото Кралство е стратешки партнер на Македонија во развојот на земјата и во тој конткест политиките ќе се насочат кон подршка на економскиот и општествениот развој.
Работните средби на вицепремиерот Николоски продолжуваат и денеска во Лондон каде е планирано да се реализираат одвоени средби со Стивен Даути, министер задолжен за Европа, како и со Дејм Карен Пирс, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Press24