Здружението на приватни аптеки на РСМ (ЗПАРСМ) информира дека претставници на аптекарите одржале состанок со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во врска со приговорот што го поднесоа до ова министерство за одлуката за објавување на цените на производите на веб-страниците на аптеките и маркетите.
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, најавува ограничување на профитните маржи за речиси сите артикли или зголемување на границата на ограничувањето на маржите, доколку по завршувањето на владината мерка, која истекува задутре, Државниот пазарен инспекторат констатира нерегуларности и драстично зголемување на цените од страна на маркетите.