Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. Sitel
Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите кои ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега се најниски во регионот, а не зборуваме и за пошироко.
▷ Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите кои му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, 1 мај во 11 часот да ни се приклучат на работничкиот протест на рутата на движење-Собрание-Стопанска комора-Влада, повика Трендафилов. Press24
Тоа што забораваат да ви го кажат или забораваат да го кажат колегите од другите синдикати кои за жал, слават први мај на 30 април е тоа што тие прифаќаат далеку пониски износи од тоа што е предвидено денеска и со закон и со колективен договор.
ССМ нема да дозволи ниту еден работник од ССМ да пати за зголемување на платите, кажа Трендафилов. Press24
На утрешниот протест нема да се делат сендвичи, изјави претседателот на ССМ и додаде: „На 1 мај се бореле за 8 часа работно време, нешто кое денеска во Македонија го немаме.
ССМ излегува на протест, да бара згоелмување на минималната плата 500 евра, на сите останати плати за 100 евра, да бара зголемување на платите на сите. Libertas
Трендафилов најави дека на протестот ќе се приклучат и други синдикати кои, потенцираше, застануваат на страната на работнички права.
Претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов е оптимист и очекува да има средба со премиерот Христијан Мицкоски за зголемување на минималната плата. Libertas
За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај, утре ќе бараме зголемување на нашите плати за да можеме да си ги дозволиме и ваквите цени во супермаркетите, рече денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов. Libertas
Од Собранието, протестниот марш продолжи кон Стопанската комора и пред Владата.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) не учествува на протестот во организација на ССМ. 360stepeni
Учесниците на протестот за 1 Мај, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пред Собранието побараа од пратениците да донесат измени на Законот за минимална плата за таа да се зголеми на 500 евра. Novamakedonija
Ветувам дека ќе дојдеме многу повеќе доколку не ја зголемат минималната плата, истакна Трендафилов.
Бараме Владата на биде на страна на работниците, нејзините гласачи, а не на страна на газдите, додаде Трендафилов кој праша дали Владата сака евтина работна сила за да ги нуди на странските инвеститори како робови. Libertas