Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави серија протести и масовна поддршка за ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, доколку биде обвинет за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 62 млади лица, а околу 200 беа повредени.
Во интервју за „Слободен печат“, Ахмети изјави дека ќе излезе на улица и нема да се врати додека не се испровоцираат предвремени парламентарни избори, како дел од протестите за неселективна правда.