Собранието се уште го очекува официјалното известување од ВРЕДИ дека нивната пратеничка група во иднина ќе дејствува без пратениците на Алијанса за Албанците на Таравари, а нов координатор ќе биде Беким Ќоку.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори.
Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух.
За средбата што ја најави премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, за во 17 часот во Владата, Таравари вели дека не очекува ништо посебно, бидејќи, како што потенцира, тие се во постојана комуникација.