По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вчера на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалицијата и дека одат во опозиција.
Алијансата за Албанците (AA) на претседателот Арбен Таравари вечерва во централното седиште во Тетово одржува состанок со највисоките раководни органи на партијата.
Лидерот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, од Врапчиште, на отворањето на штабот за локалните избори, најави дека партиските тела ќе одлучат да ја напуштат Владата и дека „побарале поддршка, за да донесат промени“, но како што додаде, „оваа промена не е промената, што ја очекуваа Албанците“, јави ТВ21.
По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.