Во одговорите може да се види и дека со овој потег на Таравари би можеле да се предизвикаат и предвремени парламентарни избори, но, како што изјави Мицкоски, нема да има парламентарни избори бидејќи според него, владата е стабилна, за разлика од постојаните тврдења од опозициската коалиција „Европски фронт“ предводена од ДУИ, дека оваа влада не исполнува ништо во однос на евроинтеграциите, не работи на промена на Уставот, моменталниот услов број 1 за придвижување кон ЕУ, и дека оваа влада работи систематски кон уназадување на правичната застапеност на етничките заедници- новиот Закон кој веќе речиси девет месеци е во припрема ( според владата). Дел од одговорите на граѓаните ( што секако го отсликува и нивното расположение и мислење за владата) се во насока на тоа дека ова е почеток на распадот на владата, а се бара и отчет, односно, Таравари да ги обзнани вистинските причини за излезот од владата.