Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците (АА), до премиерот Христијан Мицкоски попладнево поднел неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство.
Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.
До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.
Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.