Квалитетот на транзиција на нашата земја е над просекот на земјите од Западен Балкан со оценка 5,6 од можни 10, покажува Извештајот за транзиција (2024 – 2025) на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на чијашто презентација се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и шефот наКанцеларијата на ЕБОР во земјава, Фатих Туркменоглу.
Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии.