Го потпишаа Преспанскиот договор и го сменија името без консензус и против волјата на народот, го потпишаа Договорот за добрососедство, го прифатија францускиот предлог, го потпишаа протоколот со Бугарија, се согласија на уставни измени без консултација со тогашната опозиција – се наталожија еден куп проблеми што сега резултираат со огромна блокада на европскиот пат на Македонија и сега на СДСМ, откако народот ги испрати во позиција им текна да демонстрираат конструктивност, да нудат некакви решенија и да бараат национален консензус.
Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека скандалот на Онкологија се случил во времето кога министер за здравство бил Венко Филипче, повикувајќи го Јавното обвинителство да постапува и да не ја истражи неговата улога во скандалот со Онкологија.
Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во партиското седиште прашан за коментар за изјавата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче дека ќе предложи точки за лидерска средба, изјави дека нема потреба од такво нешто.
ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да ја испита улогата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче за случајот Онкологија, и да не го иззема од случаите настанати во негов министерски мандат.