Во однос на уставните измени, го повтори ставот дека е потребна предвидливост на процесот за да бидеме сигурни дека тој нема да биде билатерализиран.
Гаши кажа дека на сите средби надвор од државата и со странски претставници се бара поддршка за да нема повторна блокада за нашиот почеток на преговори со ЕУ. Претседателот на Собранието на прес-конференцијата најави закон за прогласување безбедносна зона околу Собранието, чијшто драфт бил поделен на координаторите на пратеничките групи на последната средба. Alfa